Јавна дебата: Овој дом верува дека гласањето треба да биде задолжително

Дебатниот клуб на Правниот факултет „Јустинијан Први“ организира презентативна јавна дебата на тема:„Овој дом верува дека гласањето треба да биде задолжително“ која ќе се одржи денеска (16 ноември), со почеток во 16 часот во амфитеатар 4 на Правниот факултет.

Целта на настанот е да им овозможи на студентите да се информираат за престојната дебатна обука која ќе се спроведува во рамките на факултетот и да се запознаат со дебатниот формат кој ќе се практикува за време на обуката.

Дебатниот клуб нуди бесплатна едногодишна обука за дебата, каде студентите ќе имаат можност да присуствуваат на неделни предавања, јавни обуки од професори, експерти, национални и меѓународни дебатни турнири.

Јавната дебата и дебатниот клуб се поддржани од проектот на УСАИД за граѓанско општество.