Јавна дебата на тема „Живот со достоинство“

Младински иницијативи за дијалог и соработка и CLAIM! Граѓанска Мрежа за мир, обнова и човекова сигурност (www.cn4hs.org) на 6 октомври (четврток) во 12 часот, во Канцеларијата за млади на Општина Центар, одржуваат дебата на тема „Живот со достоинство“.

Целта на настанот е да се овозможи јавна дебата на која ќе се говори за добиените сознанија од истражувањето „Мултидимензионален аспект на човековата сигурност“, спроведено во рамките на проектот, и мерките кои треба да се преземат за решавање на најгорливите проблеми кои оневозможуваат човекова сигурност во Република Македонија.

На настанот свои воведни излагања ќе имаат:

– Проф. д-р Мери Бошковска, „Мултидимензионални аспекти на човековата безбедност“

– Проф. д-р Миле Спировски, „Влијанието на пристапот до високото образование“

– Проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ, „Влијанието на сигурноста на работата“

–  Алберт Муслиу, „Влијанието на функционирањето на демократски институции“

Модератор ќе биде д-р Сашо Додовски.

За сите подетални информации и дилеми, заинтересираните можат да се обратат на midsbitola@yahoo.com или на телефон 078/443255.