Јавна дебата на ЏЕФ Македонија за слобода на медиумите

Дебатата „Каков закон за медиуми ѝ треба на Република Македонија“, се одржува денес (17.02), во Јавна соба, Скопје, со почеток од 18 часот. Организирана е од Здружението Млади Европски Федералисти – ЏЕФ Македонија и канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје.

Говорници на дебатата се Цветин Чилиманов – потпретседател на МАН, Насер Селмани – Претседател на ЗНМ, Роберт Поповски – член на преговарачкиот тим за реформи во медиумите од страна на Социјалдемократски сојуз и Снежана Трпевска – професорка при Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Дали донесување на ваков закон ќе придонесе кон подобрување на состојбата со слободата на медиумите во државата, каква треба да е улогата на јавниот радиодифузен сервис, како новиот закон би влијаел на работата на новинарите, како се регулирани медиумите во Европската унија ќе бидат само дел од прашањата и темите кои што ќе бидат дискутирани за време на оваа #ЏЕФдебата.