Јавна дебата: Колку МТВ е вистински сервис на граѓаните?

НВО Инфоцентарот во соработка со Центарот за развој на медиуми организираат меѓународна дебата за тоа дали на Балканот може да постои независен, ослободен од политички и економски притисоци и професионален јавен радиодифузен сервис. Дебатата ќе се одржи на 28 феврури (четврток), со почеток во 10.30 часот, во хотелот ,,Холидеј ин”, а под наслов „Независен јавен сервис – (не)возможна мисија на Балканот“.

Јавна дебата: Колку МТВ е вистински сервис на граѓаните?

За искуствата на Словенија, Хрватска и Србија ќе говорат повеќе експерти и професори за медиуми и јавни сервиси кои доаѓаат од овие држави.
Иствремено ќе се презентираат и постигнатите резултати од анализата на програмата и работењето на МТВ.

Основната цел на оваа дебата е да се утврди дали МТВ ги извршува функциите како јавен сервис на Република Македонија.

Дебатата и анализата се поддржани од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.