Јавна дебата – Какво студентско организирање му треба на УКИМ?

Иницијативата на студенти за распишување на студентски референдум, во понеделник (26.09) со почеток од 18 часот, во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе одржи јавна дебата за студентското организирање на УКИМ.

Студентите треба да одлучат дали претставничкото тело треба да продолжи да биде надворешна организација без одговорност во Универзитетот, или орган на универзитетот кој ќе одговара за своите постапки пред студентите, пишуваат организаторите во настанот.

Оваа дебата има за цел да одговори клучни прашања кои се покренати од последните случувања во студентското организирање

– Како до поголема партиципација на студентите?

– Кои се бенефитите на студентите од студентското организирање?

– Како да се има поголема финансиска контрола?

На јавната дебата ќе има двајца говорници од Студентскиот Пленум и пратени се покани до студентската правобранителка Васка Бојаџи и противкандидатот за избор за претседател на СПУКМ, Стефан Василевски.

 

Дебатата е од јавен карактер. Студенти, професори, студентски организации, интернационални огранизации и граѓани се поканети да присуствуваат.