Јавна дебата „Етничките поделени објекти (не) ја попречуваат интеграцијата“

„Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието“ спроведен од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование ја организира јавната дебата на теза „Етничките поделени објекти (не) ја попречуваат интеграцијата“. Јавниот настан е дел од циклусот дебати кои се наречени „Дебати за интеграција во училиштата“. Дебатните клубови како дел од проектот ќе организираат 8 јавни дебати во општините: Штип, Кичево, Кратово, Куманово, Струга, Чаир, Центар и Велес.

Јавна дебата „Етничките поделени објекти (не) ја попречуваат интеграцијата“

Јавната дебата  се одржа во Зградата за Општествени дејности – Комитет Куманово“ каде присуствуваа професори,ученици и граѓани.

Во Куманово дебатерите поделени во афирмативен и негациски тим беа ставени во позиција да размислуваат за улогата на училиштата како катчиња за соживот и колку тие не учат да ја негуваме интеграцијата во нашата заедница. Со аргументите се прави анализа која и на краток но и на долг рок ќе ни овозможи да ја видиме состојбата во која се наоѓаме но и ќе се создаде простор каде што ќе може да се дискутира за можни решенија. Клучно е тоа што токму дебатите за интеграција во училишта ја подигнуваат свеста за потребата од дускусија на ваква тема но и директно влијаат на подобрување на комуникацијата меѓу младите од различни етнички заедница.

Јавна дебата „Етничките поделени објекти (не) ја попречуваат интеграцијата“

„Гледаме дека учениците се оптоварени со стереотипи, предрасуди, за кои постои голема веројатно дека се подржани од возрасните, особено родителите и професорите. Токму етничката самосвест е причината за целокупната поделеност и во училишта и на сите други полиња. Тука  постои недостаток на самокритичност кај секој од нас, отсуство на свесност и кај учениците и кај професорите, отсуство на обуки за препознавање на овие стереотипи и предрасуди и др. Мислам дека недостатокот на физичкиот простор за да учат во исто училиште е помаргинален проблем отколку постоењето на таа етничка свест, односно самосвест во одност на другата етничка заедница. Токму затоа сметам дека овие дебати се добра основа да се започнат барем дел од овие процеси“ – сподели професорката Светлана Илиевска Алексовска. 

„Се додека нема еднаквост во придобивките на системот, без разлика од кои причини, трпат самите граѓани. Мој став е дека во услови на економска сигурност, вакви проблеми и конфликти не се јавуваат. Јас лично сметам дека економскиот развој е излез од оваа ситуација во која се наоѓаме. Економијата нуди можност за вработување, соработка, синергија, а во крајна линија трајно поврзување на етникумите“ – изјави професорот Фатри Салиу.

Јавна дебата „Етничките поделени објекти (не) ја попречуваат интеграцијата“

Членовите на Дебатниот клуб веќе неколку месеци учествуваат на дебатни турнири, имаат редовни неделни предавања за дебата каде што стекнуваат ораторски вештини, ги зголемуваат своите аналитички способности и се дружат со своите врсници, припадници на различни етнички заедници и култури.

Оваа активност е реализирана во соработка со организацијата Младински образовен форум која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.

Соопштението може да го прочитате и на албански јазик.