Јавна дебата – Екстерното тестирање под лупа

Вечерва (14 декември) со почеток во 20 часот во Книжарница во Чаршија, ќе се одржи јавна дебата на теза „Овогодинешното екстерно тестирање донесе повеќе проблеми, отколку решенија”.

Јавна дебата – Екстерното тестирање под лупа

Екстерното тестирање од неговото воведување до денес предизвикува различни реакции помеѓу оние кои се засегнати. Некои сметаа дека е неопходно за да се зголеми објективноста кај наставниот кадар, додека други велеа дека начинот на кој се спроведе теситрањето им оди на штета на учениците и наставниците.

„Сметаме дека ова прашање заслужува да биде предмет на поширока јавна дискусија. Како ученици, сакаме да придонесеме кон подобрување на екстерното тестирање со тоа што ја организираме оваа јавна дебата. Ги покануваме сите ученици, наставници, родители, претставници од државни институции да присуствуваат на јавната дебата и да го споделат со нас нивното размислување“, се наведува во повикот на дебатерите од Дебатниот клуб на Младинскиот образовен форум.