Јавна дебата: Човечките животи пред ѕидините на западната демократија

Здружението Млади Европски Федералисти – Куманово (ЏЕФ Македонија), во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје, ја најавува дебатата „Fortress Europe: Човечките животи пред ѕидините на западната демократија“. Јавната дебата ќе се одржи во чтетврток,  31 март во ГЕМ Клуб (Менада), Скопје, со почеток во 18.00 часот.

Во период кога Македонија се соочува со политичка криза, а Европа се соочува со најголемата бегалска криза по Втората Светска војна, #ЏЕФдебата ја отвара дискусијата за јавноста со следните говорници:

Жарко Хаџи-Зафиров, член на Управен одбор на Институт за човекови права, Адвокат од Адвокатското друштво Бона Фиде;

Мерсиха Смаиловиќ, Легис;

Оливер Спасовки, Министер за внатрешни работи;

Сузана Салиу, Директор на Центарот за управување со кризи;

Владимир Бислимовски, Ла Страда.

Кои се предизвиците и проблемите со кои Македонија се соочува во однос на бегалската криза? Како институциите и граѓанскиот сектор се справуваат со актуелната состојба на јужната граница по донесувањето на одлуката за затворање на границите на неколку земји-членки на Европска Унија? Кои се политиките и решенијата на Европската Унија за проблемот? Што треба да се направи за да се обезбеди безбеден и сигурен транзит на бегалците низ Балканската рута и низ Македонија, како и да се заштитат основните човекови права кои се почесто се занемаруваат во процесот на донесување одлуки на Европско ниво? Ова се само дел од прашањата кои што ќе бидат дискутирани за време на оваа #ЏЕФдебата.

Дебатата ќе може да се следи и преку видео стриминг на линкот ќе биде објавен на Фејсбук страницата на ЏЕФ Македонија.