Јавен повик за учество на „Бела ноќ“

Оваа година ќе се одржи 17. издание на „Бела ноќ“, па за таа цел ЈУ Универзална сала-Скопје и Град Скопје, распишаа јавен повик за учесници на оваа целовечерна културна манифестација.

Годинава, како и секоја „Бела ноќ“, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм, проекции и јавна уметност и урбани изведби и перформанси.

„Селекцијата ќе биде направена од страна на организаторите. Учесниците ќе бидат селектирани врз основ на поднесените апликации. Квалитетот, иновацијата и карактерот во опсег на предложениот концепт, ќе бидат главните критериуми при селекцијата на апликациите. Дополнително, дозволени се сите уметнички форми и медиуми без разлика на избор на инструменти и техники“, стои во повикот.

Поднесени пријави треба да се осмислени така што ќе постои можност за истите да бидат применети мерките за заштита од Ковид – 19 кои ќе бидат активни на денот на реализација на настанот.

За учество во „Бела ноќ“ потребно е да се достават следниве документи:

– Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата

– Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности

– Финансиска конструкција на проектот

Пријавата треба да биде испратени најдоцна до 1 септември, 2021 година, на следнава адреса: ЈУ Универзална сала Скопје, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2021 ), Бул. Партизански одреди бр. 22 (Библиотека Браќа Миладиновци) 1000 Скопје, Северна Македонија  или по пат на електронска пошта на: belanok@univerzalna.com.mk