Јавен повик за дизајнирање на униформите за Градскиот дувачки оркестар

Универзална сала-Скопје, во соработка со проект-платформата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“ објави јавен повик за изработка на дизајн за униформи на членовите на Градскиот дувачки оркестар.
Јавен повик за дизајнирање на униформите за Градскиот дувачки оркестар

На повикот кој е отворен до 1 септември, може да се јават сите домашни дизајнери. Сите услови и пропозициите за учество се објавени на веб страната www.skopjеkreativa.mk и  www.univerzalna.com.mk.

Целта на проектот е да се поттикне креативниот сектор од областа на модниот дизајн, да се создадат високо квалитетни решенија, кои ќе се одликуваат со иновативност, оригинална ликовна изразност и впечатливост.

За најдоброто идејно решение ќе одлучува три-члена жири комисија, а прво пласираниот дизајн ќе добие награда во висина од 60 илјади денари.