Јавен повик за апликации за Волонтерски награди 2015

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди во Република Македонија. По десетти јубилеен пат, го упатуваме овој ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери / волонтерски иницијативи / волонтерски програми за:

Златен сертификат за волонтерство за 2015 година

Предложените волонтери / волонтерски иницијативи / волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови:

–          Иницијативите / програмите да се реализирани во Р Македонија

–          Предложените волонтери да се граѓани на Република Македонија

–          Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2015 година

За предложените волонтери / иницијативи / програми потребно е да се испрати образложение, не подолго од една страна А4, во кое се објаснува зошто сметате дека треба да го добијат признанието (со краток опис на волонтерскиот ангажман / програма и контакт податоци на волонтерот или волонтерската иницијатива / организација).

Краен рок за доставување на предлозите е петок 27 ноември до 16.00 часот на следната е-маил адреса:mkcbt@t.mk со назнака: Златен сертификат 2015.

Наградените ќе бидат известени до среда, 2 декември 2015 година, а јавно ќе бидат објавени во петок на 4 декември 2015 година.