Јавен оглас за обука кај познат работодавач

Агенцијата за вработување распиша јавен оглас за евидентираните невработени лица за вклучување во програмата Обука кај познат работодавач.

Јавен оглас за обука кај познат работодавач

Се повикуваат евидентираните невработени лица (активни баратели на работа), кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Обука кај познат работодавач заради вработување за период од 3 (три) месеци да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, каде редовно се евидентираат како невработени лица.

Приоритет ќе имаат лицата со основно и гимназиско образование. За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во програмата за обука, се предвидува парична помош во износ од 5.700,00 денари месечно(со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување)

Обуката на невработените лица ќе се спроведува во работните простории на работодавачите, согласно изготвена Програма за обука од страна на работодавачите.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесуваат пријави континуирано во текот на целата година, почнувајќи од 19.05.2014 година во работните клубови на Центрите за вработување.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на РМ, работодавачите и кандидатите.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, контакт центарот 02-3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk.