[Јавен настан] На лимонада со Државен просветен инспекторат

Професорот задолжително бара од тебе купување на неговата книга за да можеш да го положиш испитот? Не си задоволен од оценката која си ја добил/а на испитот, и не ти е дозволено да поднесеш приговор? Факултетот одбива да ти отстапи просторија за изведување на студентски средби, или културни иницијативи?

Лимонада

Младински образовен форум (МОФ) те кани на средба со инспекторот Ѓорѓе Илиевски од Државниот просветен инспекторат, на 22 мај (четврток) од 12:00 до 14:00 часот на платото на УКИМ. Разговарај со инспекторот и пријави случај на повреда на твоите студентски права.

Инспекторатот е еден од органите надлежни за заштита на правата на студентите содржани во Законот за високо образование, Законот за студентски стандард и Статутот на УКИМ. Изминатите години преку стотина пријави биле поднесени до ДПИ, а повеќето решени во полза на студентите.   Студентите може да поднесат претставка (барање) за поведување постапка против професор, асистент, декан, продекан, ректор на Универзитет,кога им е нарушено некое нивно право.

Претставката може да биде поднесена анонимно, при што се заштитува идентитетот на студентот.

За време на настанот,  освен што студентите ќе може  да пријават случај, ќе може и да се информираат за правата содржани во правните документи на Универзитетот.  Oвој настан е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Испиј лимонада, и најди решение за твојот студентски проблем!