Македонските лекари и студенти по медицина забрзано учат германски јазик. Повеќе од 1200 млади лекари си заминале од земјава последните седум години. Алармот е вклучен – кој ќе ги лекува македонските граѓани во следната децении и дали последните владини мерки се доволни за задржување на докторите во Македонија?
Гости во студио се докторите Магдалена Ѓориќ Петрушевска (матичен доктор), Ненад Лазаров (специјализант по гинекологија и претседател на АМСЛ), Анила Белчишта (специјализант по ортопедија и член на ЗЛС) како и Васко Ѓорѓиевски, студент по медицина.
Следете ја веб- дискусијата „Јасно и гласно“ во петок, 16 ноември, во 13 часот на ФБ страницата на Радио МОФ, а ден претходно вклучете се со ваши коментари, предлози и прашања за младите лекари.
„Јасно и гласно“ е емисија во која млади луѓе зборуваат за предизвиците со кои соочуваат во својата област, за проблемите и успесите. Секоја емисија останува како подкаст за прегледување на ФБ и Јутјуб каналот на Радио МОФ.
Следете не и вклучете се!