Јасно и гласно: Кога ќе дишеме чист воздух?

Скопје често се наоѓа меѓу најзагадените градови во светот, Македонија меѓу најзагадените држави во Европа, Владата најавува План за чист воздух, додека граѓани од центарот на главниот град протестираат со порака: „Уште колку можеме да издржиме?“.

Во новата епизода на веб-дискусијата „Јасно и гласно“, која ја емитуваме денеска (14 февруари) во 13 часот на Фејсбук страницата на Радио МОФ, дискутираме за огромното аерозагадување и најавените мерки и решенија за намалување на најголемиот проблем со кој се соочува државата.

Гости во студиото се Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, активистката Ели Пешева од О2 Иницијатива, Драги Змијанац од Детската амбасада „Меѓаши“ и Кристијан Караџовски од движењето „Канцерогено општество“.

„Јасно и гласно“ е емисија посветена на проблемите кои ги засегаат младите, но и на предизвиците со кои соочуваат во својата област. Секоја емисија останува како подкаст за прегледување на ФБ и Јутјуб каналот на Радио МОФ.