„Јас сум Либеријка, а не вирус“ – кампања за луѓето од регионот соочен со ебола

Последниве неколку месеци, стравот од еболата се рашири многу брзо низ целиот свет, што доведе до раст на предрасудите кон луѓето што живеат во Западна Африка, област што е најмногу погодени од болеста.

Како што раскажува за „Mashable“ ТВ водителката Shoana Clarke Solomon, инаку по потекло од Либерија, нејзината 9- годишна ќерка морала да се справува со предрасудите во нејзиното училиште во Њујорк. Како одговор на ова, Solomon решава да се бори со предрасудите и го прави видеото насловено „Јас сум Либеријка, а не вирус’ (I am Liberian, not a virus).

„Замислете некој да му каже на вашето дете „Ти си од Либерија, болен си“, вели водителката во видеото. Таа исто така го употребува хаштагот #IamALiberianNotAVirus, за да ја прошири оваа порака до сите луѓе со барање да престане стигматизацијата кон луѓето со потекло од Западна Африка.