Јас сум Цако / сезона 5

Епизода 1

Во првата епизода од неговата петта сезона, Цако на гости ги донесе Сара Кочан, Денис Јанкуловски и Ана Беќарска. Зборуваат за златниот медал на Dancers United MK на Светското првенство за хип-хоп танци, нивниот настап на Сонуваме.Менуваме vol. 3 – Концерти со 5+ Фамилија, како и претстојната Необична новогодишна прослава.

Емитувано на 19.12.2018

Епизода 2

Во последната емисија за 2018-та година од петтата сезона на емисијата Јас сум Цако, во празнична еуфорија на Александар Матовски – Цако му гостуваа Росица Колева, Снежана Матовска и Мирослав Драганов.

Емитувано на 27.12.2019

 

Епизода 3

Третата епизода од својата емисија Цако ја посвети на медиумите, медиумската писменост и инклузијата. Друштво/гости во студиото му беа долгогодишната новинарка и основач на ПИНА, Кристина Озимец и Сузана Стојановска од невладината организација Трисомија 21, заедно со Никола и Денис.

Емитувано на 23.01.2019

Епизода 4

Гости во четвртата епизода во емисијата “Јас сум Цако” беа Ребека Јанковска Ристески, Весна Алексова и Дамјан Николовски. Зборувавме за лицата со ретки болести, лицата со посебни потреби, како и за лицата со дислексија, придружено со музичкиот избор на Цако.

Емитувано на 20.02.2019

Епизода 5

Овaа емисија ја посветува на месецот март – 21 Март е денот на поезијата и на лицата со Даунов синдром. Исто така на овој датум започнува пролетта. Во нашето студио ни гостуваа убавите, насмеани, полни со љубов и енергија Цеце и Марче од Утринска на Телма. Проверете што имаа да ни кажат, на супер дружбата со наш Цако.