Вечерва во Дом на АРМ, со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт на традиционалниот музички ансамбл „WA-League” во соработка со Japan Foundation и Japan Tobacco International. Коцертот е во организација на Амбасадата на Јапонија во Виена.
„WA-League” за првпат во Македонија ќе ја претстави славната Chie Hanawa на инструментот цугару-шамисен, како и познатиот Kazuya Satoh на инструментот шинобуе, со концерт во кој се комбинираат традиционални јапонски инструменти и мелоси во модерен стил. Двајцата музичари ќе бидат придружувани од талентираната пијанистка Tamami Hirota.
Влезот за концертот е слободен.