Јапонски град воведе полициски час за тинејџерите со паметни телефони

Тинејџерите во Kasuga се соочуваат со „осамени ноќи“ по забраната на образовните власти за користење на паметните телефони од 22 до 6 часот.

hover

Образовниот одбор на јапонскиот град изјави дека учениците од средното училиште треба да престанат со користење на нивните телефони по 22 часот, објави Wall Street Journal. Надлежните ги поттикнуваат учениците да ги предадат своите телефони на возрасните во текот на ноќта.

Иако одборот има поддршка од локалните училишта, не постојат казни за оние кои не ги почитуваат. Истражувањето спроведено од страна на јапонскиот кабинет, во ноември и декември минатата година покажа дека повеќе од половина од учениците на возраст од 13-15 години имаат свој мобилен телефон.

Од вкупните 52% речиси половина имаат паметни телефони. Ова е неверојатен скок од 2010 година кога само 2,6% од младите со мобилни телефони имале „паметни телефони“. Јапонската влада изрази загриженост за прекумерната употреба на интернет кај децата, а нивниот веб-сајт предупредува на ризиците од таквата употреба, на порастот на „cyberbullying“, како и протекување на приватни информации и употреба на сајтови што се наплаќаат.

Оваа најнова кампања од страна на властите во Kasuga дојде по разговорите со родителско-наставничките здруженија загрижени за употреба на паметните телефони меѓу тинејџерите. Постери и летоци биле испратени до шест помлади средни училишта во градот со барање од нив да ја почитуваат забраната.

Кампања Kasuga ја следи градот Kariya каде почнаа слична кампања во месец април каде што полицискиот час почнува во 21 часот.

Извор: Time/ Wall Stree Journal

Превод: И.Ч.