Јапонска „верзија“ на Google Glass

Јапонска верзија на Google GlassЈапонската компанијата Telepathy на Такахито Игучи успеа да собере 5 милиони долари за реализација на проектот со кој ќе им конкурира на Google Glass.

Како што пренесува порталот it.com.mk, првичната идеја на  Telepathy, за разлика од Google, беше доживувањата видени преку очилата да се споделат со потесен круг пријатели, проекторот да стрима видео до пријателите на корисниците, а корисникот кој го испраќа видеото да може да ги прочита нивните коментари. Но,  Игучи се откажа од оваа идеа и сега поврзувањето ќе биде можно со поширок круг на луѓе.

Иако уредот звучи слично на Google Glass, пишува порталот, се чини дека за конкурентност на стартапот му недостасува големината која ја има Google, пред се за да понуди барем дел од апликациите кои гигантот ги најавува најмалку половина година пред официјалното излегување на Google Glass.

Иако уредот беше најавен за крајот на 2013 година, со оглед на тоа дека стартапот вработува хардвер и софтвер инженери во моментов, остварувањето на оваа цел засега изгледа далеку од реалноста.