Јапонска организација ја подига свесноста за донирање на органи преку креативна кампања

Second Life Toys е организација во Јапонија која сака да ја подигне свесноста за донирањето на органи. Преку интересна кампања, тие се обидуваат да го добијат вниманието на јавноста и да ги научат децата за трансплантацијата на органи на едноставен начин.

Организацијата „им дава нови екстремитети на старите играчки“, со цел да ги направи повторно функционални. Во кампањата може да се вклучи секој преку донирање на старите играчки. На крај, „донаторот“ ќе добие писмо од играчката „примател“ за тоа како донацијата помогнала да се подобри животот на играчката.

Идејата е едноставна и смислена да допре и до децата, а пораката која ја носи е многу важна. Ниската стапка на донации на органи во Јапонија е проблем кој не добива многу медиумско внимание. Околу 14000 луѓе чекаат за трансплантација на органи, а само околу 300 од нив годишно ги добиваат потребните донации.

Извор: Bored Panda