Јапонија: уметност на шахтите

Јапонија: уметност на шахтите

Јапонија е земја полна со убава уметност. Дел од неа се наоѓа во музеите и галериите, а дел веднаш под нозете. Јапонците имаат чудна опсесија со капаците од шахтите, која на моменти преминува во невообичаени уметнички форми. Според јапонското Здружение на капаци од шахти (да, здружението навистина постои), во земјата има повеќе од 6000 вакви мали уметнички дела. Појавата на разубавување на шахтите датира од 1985, кога властите во некои јапонски општини сакале да ја подигнат свеста за скапите инфраструктурни проекти. Оттогаш, имало многу натпревари за најубава шахта, а општините се натреваруваат чии капаци се поубави.

Во изминатите години, фотографот S. Morita патувал низ Јапонија и ги фотографирал овие несекојдневни, „уметнички“ капаци за шахти. Еве ги резултатите:

Јапонија: уметност на шахтите

Јапонија: уметност на шахтитеЈапонија: уметност на шахтите

Јапонија: уметност на шахтите

Јапонија: уметност на шахтите

Извор