Јапонија планира да затвори 100 централи на јаглен до 2030 годинна

Јапонската влада се обврза дека ќе разгледа конкретни мерки за намалување на енергетската зависност од јаглен до 2030 година, додека тамошните медиуми пренесуваат дека владата планира да затвори околу 100 стари централи на јаглен дотогаш, пренесува српски „Н1“.

Министерот за економија, трговија и индустрија Хироши Каџијама изјави дека од своето министерство побарал да го разгледаат предлогот за „затворање на неефикасни централи на јаглен, така што обновливите извори на енергија да бидат главен извор за производство на електрична енергија“.

Помеѓу опициите се споменува и заострување на регулативите, како би се затвориле старите центри на јаглен до 2030 година, посочи министерот.

Весникот „Јомиури шимбун“ пренесе дека владата планирала до 2030 година да затвори повеќе од 100 стари централи на јаглен изградени во 90-тите години кои се најголемите загадувачи на животната средина.

Во Јапонија моментално има 140 центри на јаглен кои обезбедуваат речиси третина од електричната енергија.