Јапонија ќе испрати камери со 8К резолуција на Марс и неговите месечини

Јапонскиот центар за вселенски истражувањa развива камери со 4К и 8К резолуција кои ќе ги испратат на Марс и неговите месечини, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Целта е да се фотографираат пределите на природните сателити Фобос и Деимос за време на идната „Martian Moons Exploration“ (ММХ) мисија. Со оглед на тоа што станува збор за фотографии со висока резолуција, идејата е само некои од нив да бидат испратени на Земјата додека оригиналите ќе се чуваат во повратна капсула.

Овие фотографии исто така ќе помогнат во контролирањето на модулот, затоа што во комбинација со аналитичките податоци, тие ќе дадат многу подетална слика за движењето.

Мисијата ММХ е планирана за 2024 година и се очекува да слета на Марс во текот на 2025 година, а ќе помине уште толку време додека капсулата со фотографии да се врати на Земјата.