Откритието на механизми за деградирање и рециклирање на клеточните компоненти му ја донесе годинешната Нобеловата награда за медицина на јапонецот Јошинори Охсуми.
Комитетот за доделување на Нобеловата награда во Стокхолм денеска соопшти дека откритијата на Охсуми довеле до „нова парадигма во нашето разбирање за тоа како клетките ги рециклираат компонентите“.
„Неговите откритија го творија патот за разбирање на многу физиолошки процеси, како на пример во адаптацијата на глад или инфекција. Мутациите во афтофагиските гени можат да предизвикаат болест, а афтофагискиот процес е вклучен во повеќе болести, вклучувајќи рак и невролошки болести“, стои меѓу другото во соопштението.
Оваа награда е во вредност од над 930 илјади долари. Светот во следните неколку денови очекува и Нобеловите наградите за најважните откритија во областа на физиката, хемијата, за забележителни литературни постигнувања и за дејности во интерес на светскиот мир.
Првата Нобелова награда е доделена во Сен Тропе во 1901 година. Наградите го носат името на швеѓанецот Алфред Нобел, кој бил бизнисмен, хемичар, инженер и пронаоѓач и производител на оружје. Тој е пронаоѓачот на динамитот.