Јапонци создадоа левитирачко бонсаи дрво комбинирајќи древна уметност со технологија

Air Bonsai е ново минијатурно бонсаи дрвце кое левитира и се врти на магнетна основа.

Невообичаеното декоративно растение е креирано од компанија со седиште во Кјишу регионот во Јапонија. Сепак, најчесто се користат најчесто се стебла на бор, место традиционалните растенија кои се користат при бонсаи техниката.

„Ограничени сме при извозот на растенија надвор од Јапонија. За да го решиме тој проблем, имаме помош од нашите соработници во САД кои преговараат со регионалните производители на бонсаи“, велат од компанијата на нивната Kickstarter кампања.

Доколку некој сака друго растение, компанијата има уред кој прави било кое растение да левитира. И покрај левитирањето, станува збор за вистински растенија кои треба редовно да се наводнуваат.

Левитацијата на предмети со користење на магнети не е нова технологија, но да се спои таква динамика со органска компонента е тешко да се изведе.

Тимот на Air Bonsai ја има надминато целта од 80000 долари на Kickstarter, собирајќи 108000 долари.

Извор: Mashable