Јане Петков постави нов Гинисов рекорд во пливање во вреќа

Бугарскиот пливач Јане Петков, или познат како „човекот амфибија“ денеска во Охридското езеро постави Гинисов рекорд со препливување на 3500 метри во вреќа и врзан со ланци.

Ова не е првпат за 64-годишниот Петков да постави Гинисов рекорд во оваа дисциплина. Тој во 2013 година успеа да преплива 2388 м. за време од 2 часа, 55 минути и 47 секунди токму ва Охридското езеро, на патека Горица-Градско пристаниште. 

Претходно, Гинисовиот рекорд во пливање врзан со ланци го постави индиецот Гопал Карви со препливани 3071 м. во Индискиот океан на 1 декември во 2013 година.