Јамајка планира да постави киосци за канабис на аеродромите

Јамајка планира да поставува киосци за канабис на аеродромските терминали, така што туристите кога ќе пристигнат ќе можат веднаш да си купат.

Властите се во потрага по начини на кои земјата може да заработи преку легалната индустрија на канабис, а плановите засега се канабисот да се продава во салите за пристигнување и пристаништата.

Туристите ќе можат да се регистрираат на киосците за да добијат марихуана, или да купат пред да продолжат со своето патување.

Според локалните медиуми, предлозите се испитуваат од страна на надлежниот орган за канабис во Јамајка, каде се декриминализираше поседувањето на марихуана во почетокот на минатата година.

Властите соопштуваат дека ова првично би било достапно за оние кои имаат рецепт, односно за оние кои тоа го прават за медицински цели, со дозвола од Министерството за здравство. Останатите, пак, кои немаат рецепт, ќе можат да купат до 56 грама, но со изјава дека е на нивна одговорност.

Претставничкиот дом во Јамајка минатата година го усвои законот со кој се декриминализираше поседувањето на канабис до 56 грама, одгледувањето до пет растенија за лична употреба и за медицински цели.