Јамајка ги забранува пластичните кеси, сламки и стиропор до крајот на годината

Јамајка е последната земја што воведува забрана за еднократна употреба на пластика. Со цел да се намали загадувањето и влијанието на пластиката врз животната средина, оваа карипска земја ќе стави забрани за еднократна употреба на пластични кеси, цевки и стиропор, почнувајќи од 1 јануари следната година.

Во новата политика за животна средина е забраната за увоз, производство и дистрибуција на пластични кеси кои се помали од 60 центиметри. Но, забраната не се однесува на еднократна употреба на кеси кои се користат за пакување на сирово месо, брашно, ориз, шеќер и бели печива, бидејќи целта е да се одржат стандардите за јавното здравје и безбедноста на храната.

Дерил Ваз, министер без ресор во Министерството за економски раст и создавање работни места, ги охрабрува потрошувачите да користат торби за еднократна употреба од локалните претпријатија наместо пластични ќеси.

Стиропорот, исто така, ќе биде забранет почнувајќи од следната година, но увозниците и производителите ќе можат да побараат ослободување од забраната до две години. Исто така, постои и двегодишно продолжување на периодот за забрана за пластичните цевки кои одат заедно со чашки и пластични кеси со сок.

Медицинскиот сектор може да побара ослободување од забраната за пластична сламка, бидејќи алтернативите како хартијата и бамбусот не секогаш се погодни за пациентите.

Владата на Јамајка планира да им помогне на компаниите во транзицијата кон одржливи алтернативи.

Националната економија на островот зависи од туризмот, а отпадот е причина за голем број штети направен врз морскиот свет. Некои студии укажуваат на тоа дека туризмот може да претрпи загуба од милиони долари за една година, ако посетителите го видат ѓубрето.