Јакна со 15 скриени џебови и уреди собра 900 000 долари на „Kickstarter“

Иако последниве години беа произведени бројни уреди кои треба да го олеснат патувањето, мал дел од нив станаа познати и прифатени од купувачите ширум светот.

Голем дел од нив, пишува Mashable, не вредат доволно, како перницата за „неудобна“ дремка, маската за очи кога лицето до вас чита со вклучено светло или ќебето што топли при патување.

Но што ако сите овие „гаџети“ се стават на eдно место, во јакна за патување? Се чини дека ваквиот патент би имал иднина, ако се земе во предвид дека компанијата која преку платформата „Kickstarter“ почна да собира донации за ваков проект, за помалку од еден месец собра околу  900 000 долари, наместо 20 000 долари според првичниот план.

„BauBax“ јакната има 15 уреди кои го олеснуваат патувањето, посочуват од компанијата. Во неа се сместени перница за патување, маска за очи, џеб за пијалок, маесто за телефон и таблет. „BauBax“ нуди и различни верзии на оваа јакна како што се дуксер, џемпер или палто.