Јаху ќе биде преименуван во Алтаба

Откако Јаху ќе биде продаден на Version, делови од компанијата ќе опстојат и ќе бидат преименувани во Алтаба, пишува TechCrunch.

Јаху „виси“ на своите 15 отсто од акциите во Алибаба и 35,5 отсто од акциите на Јаху во Јапонија, и тие средства ќе преживеат откако компанијата ќе го добие новото име, а остатокот ќе се интегрира со Verizon.

Само пет членови на одборот ќе останат во Алтаба: Тор Брахам, Ерик Брант, Катерина Фридман, Томас Мекинернеј и Џефри Смит. Остатокот од одборот на Јаху, вклучувајќи ја и извршната директор Мариса Мајер, ќе се повлечат од новоформираната компанија. Мајер можеби ќе биде корисна при процесот на интеграција на Јаху кон Version, но нејзината позиција допрва треба да се соопшти.

Веста за промената на името доаѓа со барањето до Комисијата за хартии од вредност. Поднесувањето е индикација дека Version напреднува во купувањето на Јаху .

Претходно, Јаху во својот извештај призна дека нарушувањето на безбедноста на илјадниците негови корисници го загрози договорот со Verizon.