„Ја имаме моќта, ја враќаме ноќта“ – марш против сексуалното насилство врз жените

Повеќе организации и нивни активистки синоќа маршираа низ скопските улици со цел да укажат на жртвите на сексуалното насилство. Со маршот тие им дадоа поддршка на жените кои се соочуваат со ваков вид насилство и се надеваат дека во иднина ќе создаде некаква промена.

„Маршираме затоа што: секоја од нас има преживеано некаков облик на насилство во текот на својот живот! Одбиваме да молчиме за насилство врз жените во јавните простори! Не сакаме вината да се препише на жените, насилникот е одговорен за насилството и вината е исклучиво негова! Нема оправдување за насилството! Насилството над жените не е приватна работа, туку политички и општествен проблем. Со протест се започнува во давањеto поддршка и создавање на промена! Слободата на движење треба секогаш да е загарантирана, и ноќе кога сме сами на улица! Повеќекратно дискриминираните жени ромките, лезбејките и жените со инвалидитет се често изложени на насилство. Женската солидарност е нашата сила! Да се потсетиме дека како жени имаме сила и дека заедно сме уште посилни! Да се присетиме на преживеаните наши сестри како и на оние кои не се веќе помеѓу нас! Сакаме да ја искажеме нашата желба и потреба да живееме без закани и страв од насилство!“, посочија организаторите.

Маршот го организираа Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Тиииит! Инк., ЛезФем, Бори се женски, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, Реактор, и Здруженска.