Извршниот директор на Google: Интернетот ќе исчезне

Извршниот директор на Google, Eric Schmidt, го предвиде крајот на интернетот. На крајот од панелот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, тој беше прашан за неговите предвидувања за иднината на интернетот.

„Јас ќе одговорам многу едноставно дека интернетот ќе исчезне“, рече Schmidt.

Ќе има толку многу IP адреси, толку многу уреди, сензори, работите што ги носите, работите со кои сте во интеракција, така што нема ни да го почувствувате тоа“, објасни тој. „Тоа ќе биде дел од вашето присуство цело време. Замислете да влезете во просторија, а собата е динамична. И со ваша дозвола и сето тоа, вие сте во интеракција со работите што се случуваат во собата“, додаде тој.

Schmidt заклучи дека „се појавува високо персонализиран, високо интерактивен и многу интересен свет“.

На панелот, учествуваше и оперативниот директор на Facebook, Sheryl Sandberg, Таа заедно со Schmidt го опишаа интернетот како важен начин да им се даде глас на повеќе луѓе од светот.

Според Sandberg, само 40 проценти од светската популација користи интернет додавајќи дека секој раст на пристапот до интернет ќе го прошири гласот на луѓето и ќе се зголемат економските можности.