(Из)вонредни предавања – Debating in the real world: How not to be a d!%#.

Младински образовен форум го најавува првото предавање од циклусот (Из)вонредни предавања насловено „Debating in the real world: How not to be a d!%#.“ Онлајн предавањето е најавено во недела, 5 април во 18:00 часот. 

„Ќе разговараме за улогата на дебатата надвор од натпреварувачкиот контекст. Како да се поставиме во различини ситуации. Начини да ги разбереме и убедиме другите. Предавањето е инспирирано од сите оние полноќни дебати кои деволвирале во разбеснети расправии, наапаните коментари на Јутуб, муабет со чиката во кебапчилница што сака да ти објасни за Југославија итн“, појаснуваат од МОФ.

Предавањето ќе го држат Петар Димитров и Иван Мицковски, кои се опишуваат себеси како дебатни ветерани со дваесетина години заедничко искуство во натпреварувачка дебата.

Сите што сакаат да се приклучат на предавањето треба да го пополнат краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6 , а кога ќе дојде терминот за предавање ќе биде испратен е-маил со линк до предавањето на платформата за видео-комуникација Zoom.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.