(Из)вонредна проекција #3 со кратките филмови на Георги М. Унковски

Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат да го проследите третото издание на „(Из)вонредни проекции“. Секоја недела од месец мај, на платформата за видео комуникација – Zоom, МОФ и Радио МОФ организираат заедничко гледање на проекции на македонски краткометражни филмови, во придружба на режисерите и дел од екипата која работела на филмовите.

На 24-ти мај (недела) 2020 година, во 19 часот, наместо да ја бинџате истата серија по навика, придружете ни се на третата (Из)вонредна проекција на ZOOM да ги проследиме краткометражните филмови „Налепница“ и „Пепи и Муто“ режисерот Георги М. Унковски.

По проекцијата, која публиката ја гледа од дома, следи виртуелна интерактивна Q&A сесија со режисерот Георги М. Унковски, кој ќе ги открие тајните позади овие две филмски остварувања, инспирацијата и предизвиците кои ги носи снимањето.

Краткиот игран филм „Пепи и Муто“ е криминалистичка комедија која го следи запознавањето и првиот заеднички случај на искусниот полициски инспектор Пепи (Петар Мирчевски) и кадетот Муто (Сашко Коцев). Пепи е задолжен да го научи Муто, неговата замена, како да стане вистински инспектор.Филмот

„Налепница“, е црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми. „Налепница“ е избран во официјалната селекција на Санденс 2020.

Не двоумете се, ако досега не сте се пријавиле, веднаш направете го тоа на следниот линк https://forms.gle/HduVTC1C4oskRh6m7, а ние ќе ви испратиме линк од Zoom на вашата мејл адреса.

За првите 10 пријавени, седиште во првите редови 😉

Цикулусот (Из)вонредни проекции се организира во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.