Известувањето на медиумите придонесува во порастот на масовни убиства, тврдат психолозите

Глобалното известување на медиумите за масовните стрелања и терористички напади придонесува до нивен пораст, бидејќи им покажува на потенцијалните напаѓачи дека ќе ја имаат „славата која ја посакуваат“, според истражувачи.

Преку ширење на имињата и лицата на масовните убијци, социјалните и „мејнстрим“ медиумите се поврзани со растечкиот тренд на стрелањата во училиштата и јавните масовни убиства, тврдат психолозите.

Бројот на напади во САД, кои сега се случуваат еднаш на секој 12-ти ден, може да се намали за третина доколку новинарите, блогерите и корисниците на социјалните медиуми „направат пакт“ да не ги шират вестите.

Истражувачите од универзитетот Вестерн Њу Мексико велат дека медиумите имаат порив да покриваат масовни стрелања поради рејтинзите и привлекувањето на реклами, а тоа мора да престане.

Предупредувањето доаѓа откако беше откриено дека млад масовен убиец во Минхен бил „опседнат“ со норвешкиот масовен убиец, Андерс Брејвик. Во САД исто така се случи и напад со најголем број на жртви – 49 починати во геј клуб во Орландо.

„Масовните стрелања растат, а расте и нивната медиумска покриеност“, велуи Џенифер Џонстон, психолог-истражувач од Вестерн Њу Мексико.

„Можеме ли да востановиме што дошло прво? Дали е врската безусловна – повеќе стрелања водат до поголема медиумска покриеност, или пак поголемата медиумска покриеност води до повеќе напади?“.

Џонстон ја потенцира одговорноста на медиумите да не носат одлуки само врз основа на продажбата.

„Предлагаме медиумите да не го користат изговорот „дека јавноста има право да знае“ за да ја остварат својата алчна агенда, со оглед на тоа што знаат дека застрашувачките убиства и се нивниот рејтинг број еден и го зголемуваат бројот на реклами“, вели таа.