Извештај за намалување на штети од употереба на дроги: Предозирања, криза на ХИВ и хепатит Ц

Предозирањето, кризата на ХИВ и хепатит Ц продолжуваат и се меѓу бројните здравствени и социјални проблеми поврзани со употребата и политиката за дрога, но сепак многу земји ги занемаруваат.

Ова стои во Глобалниот извештај за намалување на штети од употреба на дроги за 2018 година. Се работи за шести ваков извештај, а се прави со координирани напори на повеќе од 100 практичари за намалување на штети, академици, адвокати и активисти од целиот свет.

Се утврдело дека од последниот извештај во 2016 година, глобалниот одговор за намалување на штетите е „ефикасно заглавен“.

Употребата на стимуланти како амфетаминот се зголемува, но земјите не успеваат да ги адаптираат сервисите за намалување на штети.

Бројот на земји кои овозможуваат супституциска терапија на зависност од опиоидни дроги (OST) се зголеми од 80 на 86 во последните две години, додека бројот на соби за консумирање дрога (DCRs) глобално се зголеми од 90 на 117 во истиот период.

Сепак, обезбедувањето на ОСТ е помало од она што е потребно за да стане ефективен одговор на јавното здравство, а DCRs се ограничени само на 11 земји во Западна Европа, Канада и Австралија.

Целиот извештај може да се прочита ТУКА.