Извештај: Планетата Земја продолжува да се вжештува

Земјата продолжува да ги руши климатски рекорди, а 2015 година била најтопла досега. Температурите на глобално ниво минатата година се зголемиле за 0,1 степен Целзиусов, во однос на 2014 година, која досега важеше за најтопла. Овие податоци се објавени во новиот годишен извештај „Состојба на климата во 2015“ кој го подготвува Американската океанска и атмосферска администрација. Извештајот, кој важи за еден вид на „систематски преглед“ на планетата Земја, е подготвен од 450 научници од повеќе од 62 држави од светот и прикажува податоци од десетици илјади мерења.

StateoftheClimate2015_surfacetemps_map_and_graph_620

Како причини за овој загрижувачки тренд на затоплување на Земјата се посочуваат влијанието на долгогодишниот ефект на глобално затоплување, во комбинација со најсилните појави на климатскиот феномен „Ел Нињо“ уште од 1950 година.

Концентрациите на стакленички гасови, температурата на површината на Земјата и на морињата, како и нивото на водените површини, сите ги надминале претходните највисоки вредности.

Климатски промени 1

Во извештајот се наведени и други главни климатски промени кои се забележани минатата година:

– Арктикот продолжува да се затоплува.
– Арктичките животни и риби се погодени од климатските промени.
– Температурите на Антарктикот биле пониски од просечните, додека многу променлива била површината под мраз.
– Дошло до ширење на штетното „цветање на алгите“ во североисточниот дел од Тихиот Океан.
– Глобалната покривка на мраз и снег се намалила.
– Тропските циклони се случувале многу повеќе од просекот во минатото.

Првпат во историјата за еден степен е надмината температурата на Земјата во споредба со просечните температури за доцниот 19-ти век, период кој се смета за репрезентативен за климатските услови пред индсутријализацијата.