Извештај на Хјуман рајт воч: Брутален однос кон жените во ирачките затвори

Неколку илјади жени незаконски се сместени во ирачките затвори и тие таму трпат тортура и други облици на злоставување, вклучувајќи сексуално, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч со седиште во Њујорк.

Извештај на Хјуман рајт воч: Брутален однос кон жените во ирачките затвори

Во извештајот насловен „Никој не сигурен: Злоупотребата на жените во ирачкиот криминален правен систем“ се наведува дека ирачките безбедносни сили нелегално задржувале стотици жени преку судски постапки кои не ги почитуваат меѓународните стандарди.

Извештајот е направен врз основа на сведочење на затворените жени, нивните роднини и адвокати, затворски лекари, судски документи и разговори со локални претставници.

Во извештајот се вели дека голем број жени во ирачките затвори се припаднички на сунитите, чија популација е незадоволна како кон неа се однесуваат владејачките шиити.

Жените во затворите се претепувани, удирани, подложувани на електрошокови и силување, додека на некои се под закана дека ќе бидат силувани, некој пат во присуство на нивните роднини, мажи.

„Ирачките сили за безбедност и претставници тоа го правата на толку брутален начин, како тоа да би ја направило земјата посигурна“, вели Џо Сторк, заменик-директор за Блискиот Исток и Северна Африка на Хјуман рајт воч .