Прва распеана средба со златните славејчиња по повод 50 години од познатиот детски фестивал, ќе се одржи утре, на 26 септември со почеток во 11 часот претпладне. Изведбите на старите хитови ќе се изведат пред големиот паркинг пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Поради безбедноста на посетителите, картите се пуштени во ограничен број по цена од 150 денари, а можат да се набават на касата на Универзална сала и онлајн.
Фестивалот „Златно славејче“ бил основан во 1971 година од страна на Александар Џамбазов, Васил Пујовски и Благоја Јордановски.
Првото издание на фестивалот било одржано на 23 мај 1971 година, во Драмскиот театар во Скопје. На него биле изведени 25 композиции, а меѓу учесниците биле и Игор Џамбазов и Баже Маротов. Подоцна, на овој фестивал своите први настапи ги имале повеќе македонски музички ѕвезди, како Калиопи, Тоше Проески, Влатко Илиевски, Симон Трпчески, Ана Дурловски и други.