Изведба на претставата „Симфонија на паѓањето“ во „Фросина“

Во скопското кино „Фросина“ вечерва од 20 часот има нова изведба на претставата „Симфонија на паѓањето“, работена по прозата и поезијата на Данил Хармс.

„Во поголемиот дел станува збор за дела коишто мошне малку се поставувани на сцена. Тенденциозно го отфрла првичниот поим, карактеристичен за перспективата фрлена на Хармсовиот труд, осврнувајќи се кон не толку опеаниот дел од неговиот живот и дело“, стои во најавата за претставата.

Simfonija-na-pagjanjeto-2-768x512

Режисер на претставата е Петко Костовски. Актерскиот дел од екипата го сочинуваат Виктор Петрески, Зорица Стоименовска, Маја Ѓурчевска, Кирил Наумоски и Петко Костовски. Техничар е Кирил Наумовски.