Изведба на инклузивната претстава „Пепелашка“ во Дом на млади Штип

На отворената сцена во Домот на млади во Штип на 14 септември (сабота) во 19:30 часот ќе има изведба на инклузивната претстава „Пепелашка“.

Главните улоги во претставата ги играат деца со попреченост.

Претставата ја подготви танцовото инклузивно студио „Еурека“, а делумно е помогната преку проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ кој го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија. Овој проект е финансиски поддржан од Европската Унија.

Влезот за претставата „Пепелашка“ е бесплатен.