Научниците откриле изумрен вид птица која повторно еволуирала после 136.000 години.
Последниот преживеан вид птици, кои не можат да летаат, од фамилијата на блатни кокошки во индискиот океан, всушност постоеле и претходно, открива истражувањето. Сè тоа се случило преку процес наречен „повторувачка еволуција“.
Тоа значи дека во два наврати – во период раздалечен десетици илјади години, вид птици го населиле коралниот остров Алдабра. Во двата случаи птиците не биле во можност да летаат, а во последно време можат да се најдат на островот.
„Повторувачката еволуција“ се случува кога исти или слични структури се развиваат од заеднички предок, но во различно време – што значи дека животните, всушност, еволуираат во два наврати, сосема одвоено.
Оваа „повторувачка еволуција“ е за првпат забележана кај блатните кокошки.
Белогрлите блатни кокошки се во големина на обична кокошка. Нивното живеалиште се наоѓа Мадагаскар, но постојано се населуваат на изолирани острови, во растечки број и потоа се движат надвор од островот каде започнале да се размножуваат.
Многу од нив кои заминуваат кон запад или кон север, се мртви или изедени. Но некои од нив кои одат на исток, се упатуваат да живеат на останатите острови во околината, вклучувајќи го и островот Алдабра.
Коралскиот остров Алдбра нема предатори, па со текот на времето овие птици ја губат способноста за летање. Но потоа островот комплетно исчезнал кога бил покриен од морето, па блатните кокошки исчезнале, заедно со сите други на островот.
После тој настан, пред 100.000 години, нивото на морето опаднало, па коралниот остров повторно бил населен од блатните кокошки кои не можат да летаат.
„Овие уникатни фосили обезбедуваат непобитен доказ дека вид на фамилијата блатни кокошки го колонизирале коралниот остров, најверојатно од Мадагаскар, и веднаш после тоа ја изгубиле способноста за летање, независни, секој пат“. вели водечкиот истражувач Џулијан Хуме, птичји палеонтолог и научен соработник во Природно-историскиот музеј.
„Не знаеме друг пример на блатни кокошки, или било каков друг вид кокошки генерално, кои го демонстрираат овој феномен толку очигледно. Само на островот Алдабра, кој го бележи најстариот палеонтолошки доказ за фосили кои се во можност да ги демонстрираат ефектите на промената на морското ниво и реколонизаторски настани на било кој океански остров во регионот на Индискиот океан“. вели Дејвид Мартил од Школата за природни и еколошки науки“ на универзитетот во Портсмут.