Израел ќе се справува со загадувањето преку „зона на чист воздух“

За првпат во Израел ќе се воведува „зона на чист воздух“, во која ќе се забрани загадувањето од возила на дизел гориво во специфичната ареа.  Зоната ќе биде создадена во Хаифа, третиот по големина град во Израел кој се смета за најзагаден во земјата, соопшти израелското Министерство за животна средина.

Според министерот Avi Gabbay, сега се дискутира за тоа во кој дел од градот ќе биде воведена зоната, при што се наведува дека тоа ќе некоја од густо населените делови, по патиштата со тежок сообраќај. Сепак забраната за дизел возилата нема да биде целосна, бидејќи ќе биде има движење на камионите на дизел погон поради вршење достави до „заштитената зона“.

Планот освен што вклучува редуцирање на движењето на дизел возилата, намалување на цените на патарините на одредени точки за пренасочување на сообраќајот, како и давање можност за инсталирање филтри. Исто така градот ќе купува камиони и автобуси на плин, но и електрични возила.

Хаифа во април беше во центарот на жестоката полемика, откако во извештај беше објавено дека во регионот е забележана тенденција на зголемена смртност, особено меѓу децата, што за последица има се повеќе заболувања од рак поврзани со загадениот воздух.

Сепак оваа идеја не наиде на добар прием кај дел од израелската јавност. Според Hanna Kuperman шефицата на Израелскиот форум за заштита на брегот, со овој план Министерството за животна средина ќе ја зголеми употрената на испарливите и загадувачки материи од офшор резервоарите на природен гас.

Ella Naveh, од групата „Мајки и татковци за спас на Хаифа“, смета дека новиот план е само замајување на јавноста со „тврдењата дека воздухот ќе се подобри и ќе биде подобро“.