Изолацијата поради коронавирусот може да спаси повеќе животи спречувајќи го загадување отколку инфицирањето

Глобалната изолација поради корона-вирусот КОВИД-19, ги затвори фабриките и намали патувањaта, со што се намали и смртоносното аерозагадување и стакленичките гасови кои ја загреваат површината на планетата Земја, јавува Форбс.

Изолацијата може да спаси повеќе животи преку редукцијата на загадувањето, отколку од заканата на самиот вирусот, вели Франсоа Жемен, директор на опсерваторијата „Иго“, кој ја проучува интеракцијата помеѓу промените во животната средина, миграцијата на луѓето и политиката.

Жемен потсетува дека на пример 48.000 луѓе годишно умираат во Франција поради атмосферско загадување и повеќе од еден милион во Кина од истиот проблем.

Научниците проценуваат дека бројот на загинати во САД од аерозагадувањето е повеќе од 100.000 годишно, а Светската здравствена организација ја проценува глобалната загуба на 7 милиони.

Глобалниот број на смртни случаи на нeконтролирана пандемија останува претпоставка. Најдраматичните проценки што најпрвично беа објавени, глобалниот број на смртни случаи на неконтролирана пандемија го претпоставуваат во милиони, вкупни, не на годишно ниво. Повеќето веродостојни проценки се многу помали. Некои експерти го споредуваат овој број со појавата на грипот во 1957 година, поради кој починаа нешто повеќе од 1 милион луѓе.

„Повеќе од веројатно, бројот на животи што би биле поштедени заради овие мерки на изолација, ќе биде поголем од бројот на животи што ќе бидат изгубени поради пандемијата“, рече Жемен за време на дебата на Франс 24.

Тој смета дека несовпаѓањето во начинот на кој реагираме на овие закани треба да поттикне на размислислување зошто толку силно реагираме на нешто што би можело да донесе помала, одколку на нешто што носи поголема смртност.

„Ова се прилично фасцинантни времиња. Она што најмногу ме изненади е тоа што мерките што сме подготвени да ги преземеме за да се соочиме со овој корона-вирусот се многу потешки од мерките што би биле подготвени да ги преземеме за да се соочиме со климатските промени или загадувањето на атмосферата“, рече Жемен.