Деветнасетгодишната американска пејачка Хали Бејли е одбрана за улогата на сирената Ариел во филмската адаптација на цртаниот филм „Малата Принцеза“.
Хали, која е член во музичко дуо заедно со својата сестра Клои, била избрана од Дизни по наводната долга и тешка потрага. Компанијата, која во изминатава деценија ги адаптираше повеќето популарни детски цртани во игран филм, утрово ја објави информацијата за новата актерка.
Информацијата беше дочекана со измешани критики од страна на публиката. Причината за тоа е фактот што пејачката е со афро-американско потекло и црна боја на кожа што е спротивно на цртаниот лик на сирената Ариел, која е белкинка.
Коментари од типот на: „Ариел е белкинка и црвенокоса, не е расистички да сакам да биде таква и во играниот филм“, отворија голема дебата околу улогата на Холивуд и Дизни во разновидноста на кастингот на филмовите во последниов период.
Од друга страна голем дел од Твитер корисниците ја објавија својата поддршка за Хали, ставајќи акцент на нејзиниот музички и актерски талент.
Филмот ќе започне со снимање во 2020 година, во режија на Роб Маршал. Дополнителни информации за филмот и останатиот дел од актерската екипа се очекува да бидат објавени до крајот на ова лето.