Измена на турските закони може да му овозможи на Ердоган да биде претседател до 2029 година

Реџеп Таип Ердоган добива огромна поддршка во својата идеја да ја претвори Турција во претседателска република, откако националистите во парламентот ја покажале дека ќе гласаат контроверзниот предлог за амандман на Уставот, кој би му овозможил мандат до 2029 година.

Ергдоган поднел предлог за референдум кој би се спровел на пролет, а поголем дел од десничарските партии во Турција го поддржуваат.

Според Guardian, доколку ваквиот референдум помине, позицијата на премиер би била укината, а претседателот би имал двајца заменици и поголема моќ во извршната функција.

Прелогот за измени на уставот бил поднесен во изминатите недели, кога националистите ја покажаа својата волја да размислат за предлогот, за кого опозициските партии изјавија дека ќе го одбијат. Предлог закон им бил испратен на националистите минатата недела за интерна дебата.

Пратениците одамна размислуваат за тоа да ја трансформираат Турција во претседателска република, слично на Франција и САД, велејќи дека фракциите кои обично се појавуваат во коалиционите влади во минатото ја ограничувале Турција и го оневозможувале прогресот.

Противниците на амандманот, сепак, го гледаат како уште една мерка за зацвртување на моќта на Ердоган, за кого велат дека ја води државата со поголем авторитаризам во изминатите години. Потсетуваат на масовното отпуштање на државни службеници , апсењето на војници и затворањето на медиуми после обидот за државен удар во јули.