Изложби, работилници и перформанси на Европски денови на културното наследство

По дваесет и седми пат С. Македонија ќе биде дел од Европските денови на културно наследство, што е најголем европски проект посветен на наследството. Отпочнувањето на манифестацијата ќе биде одбележано на 22 септември 2022 година, во 11:30 часот“, со отворањето на изложбата „Европските денови на културното наследство на Балканот“ во Музејот на Р.С. Македонија.

Во рамките на манифестацијата, ќе бидат организирани отворања на изложби, работилници, перформанси, едукативни активности и организирани посети со водичи, со учество на триесетина музеи, граѓански здруженија, училишта и други институции од четиринаесет градови и села во нашата држава.

„Европските денови на културното наследство низ цела Европа фрлаат светлина на одржливото наследство. Се очекува сеевропската тема „Одржливо наследство“ да поттикне анализи и иновативни процеси на вреднување на различностите, како и стремеж за добробит на заедниците, на патот кон одржлив развој. Повеќе од 50.000 настани што ќе се реализираат годинава низ целиот континент, имаат за цел да ја препознаат вредноста на заедничкото европско наследство и потребата тоа да се сочува за денешните и идните генерации“, велат од Музејот на Р.С. Македонија.

Во продолжение погледнете ја програмата за Европските денови на културното наследство 2022:

22 септември

Музеј на Република Северна Македонија, Скопје

11:30 ч. Свечено отворање на манифестацијата и изложбата „Европските денови на културното наследство на Балканот“

Завод и музеј Прилеп, Прилеп

12:00 ч. Отворање на изложбата „Уметниците во музеите – музеите со уметниците“, Лапидариум

Здружение на граѓани ПОПИ, Велес

19:00 ч. “Фатени за раце го менуваме светот“, инклузивен фолклорен перформанс, со учесници од училишта за деца со посебни потреби и фолклорни ансамбли од Велес, Кавадарци, Неготино и Штип, Библиотека „Гоце Дечлев“, Велес

23 септември

Археолошки музеј на Република Северна Македонија, Скопје

10:00 ч. „Музејска училница“ со ученици од прво одделение во ООУ Невена Георгиева Дуња, разгледување на музјските поставки, проекција на документарен филм за Тумба Маџари“ и изведување на креативни активности

Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија, Скопје

12:00 ч. „Истражуваме, создаваме, културното наследство го чуваме“, креативна и истражувачка работилницаии со ученици од ООУ „Ј.Х. Песталоци“, Меморијален центар

Завод и музеј Прилеп, Прилеп

12:00 ч.  Дигитална презентација: „Резултатите од арехеолошките истражувања од локалитетот Стибера како мотив за одржливоста на локалитети“, Постојана археолошка поставка

Музеј Гевгелија, Гевгелија

13:00 ч. Дидитална презентација на тема „Одржливо наследство“

Музеј на град Неготино, Неготино

20:00 ч. Солистички концерт на Јасна Аврамовска, пијано, Изложбен салон на музејот

Музеј на тетовскиот крај, Тетово

Отворен ден за посета на сите музејски поставки

OОУ „Петар Поп Арсов “ – Карпош, Скопје

„Историско наследство од римско време – Скупи“, интерактивна презентација и креативна работилница

Завод и музеј Битола, Битола

„Музејски истражувачи“, интерактивна едукативна работилница и посета на споменици на културата на Широк сокак, со ученици од ОУ Климнет Охридски

„Меморија“, натпревар во логични игри во музејската поставка, со ученици од ОУ Климент Охридски

25 септември

ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата, Скопје

10:00 ч. „Авантуристичка мистерија – Потрага по средновековното богатство“

Интерактивно доживување преку игра и истражување, Скопско Кале

26 септември

Музеј на град Кратово, Кратово

12:00 ч. Отворање на изложбата „Кратово низ вековите“, Саат кулата во Кратово

Музеј на град Неготино, Неготино

Завод и музеј Прилеп, Прилеп

12:00 ч. Интерактивен настан „Мултиперспективноста на културно историските споменици“, Меморијален музеј 11-ти Октомври 1941 – Участок

12:00 – 14:00 ч. Sensory Journey, реализација на пилот-проект, со посети на музејот, кои ќе бидат пренесувани преку каналите на социјалните мрежи, за да можат да се следат или да се снимаат видеа

Музеј на тетовскиот крај, Тетово

Посета на културниот предел „Беловишки водопади“ и предавање со историско-географски податоци за пределот

Завод и музеј Битола, Битола

„Наша туристичка рута во старата чаршија“, со учениците од ОУ Даме Груев, „чувари“ на културното наследсвто

26-28 септември

Музеј Куманово, Куманово

„Погледни во минатото, дизајнирај ја сегашноста“, едукативни работилници за деца

26 – 29 септември

Музеј „Теракота“, Виница

Сликарска ликовна колонија на неколку локации во Виница, во рамките на проектот „Едукативна ликовна колонија со лицата со посебни потреби од Виница“

27 септември

Музеј на Република Северна Македонија, Скопје

11:00 ч. Ревија на етнолошки документарни филмови

Археолошки музеј на Република Северна Македониjа, Скопје

16:00 ч. „Што потоа?“, едукативен настан со ученици од гимназијата „Никола Карев“, посета на стариот лапидариум и разговори за судбината на предметите коишто луѓето ги поседувале во минатото, Куршумли ан

Музеј на град Кратово, Кратово

12:00 ч.  Отворање на етнолошката тематска изложба ,,Везот – белег на традицијата во Кратовскиот регион“, галерија на музејот

Локален Музеј – галерија Кавадарци, Кавадарци

Изработка на мурал во галеријата, од страна на Горан Боев, професор по ликовно образование, во присуство на ученици од локалните училишта

Музеј на тетовскиот крај, Тетово

Посета на христијански и исламски сакрални објекти и предавања за истите

Завод и музеј Битола, Битола

„Таиствена Битола“- посета на споменици на култура на Широк Сокак со деца од градинките во Битола

28 септември

Археолошки музеј на Република Северна Македониjа, Скопје

11:00 ч. Интерактивна креативна работилница ,,Моето културно наследство – моја сегашност и иднина“

Музеј на тетовскиот крај, Тетово

Посета на Меморијалниот музеј на ЦК на КПМ и историски час

Народен музеј Велес, Велес

19:00 ч. „Синергија на времето“, видео инсталација на Страхил Петровски, куратор – Златко

Теодосиевски, Спомен костурница

Музеј Демир Капија, Демир Капија

„Како пораснав“, отворање на изложба на дела и инсталација на Симона Манчева

30 септември

Музеј „Теракота“, Виница

Посета на културно историски споменици во Дојран, во рамките на проектот „Едукативна ликовна колонија со лицата со посебни потреби од Виница

22 – 28 септември

Најмал етнолошки музеј во светот, с. Џепчиште, Тетово

Изложба „Македонската керамика – вековен предизвик“

Национална галерија на Република Северна Македонија

Изложба „ЖАНР СЦЕНИ од колекцијата на Националната галерија“

Музеј на град Свети Николе, Свети Николе

Изложба „Стари народни игри“

НУ Конзерваторски центар Скопје

Бесплатен влез за посета на постојаните поставки

Музеј Гевгелија, Гевгелија

Организирани посети на постојаната поставка за учениците од средното училише и од основните училишта во Гевгелија и околината

Музеј на македонската борба за самостојност, Скопје

Патувачка изложба „Биографија низ фотографија – Методија Андонов Ченто“, во соработка со Завод и музеј Прилеп

Уметничка галерија Тетово, Тетово

Изложба „Ликовна колонија Тетово 2022“

Музеј на град Неготино

Изложба „Ликовни блесоци од Уметничката галерија Тетово“