Изложба за „Жената борец“ во чест на 8-ми март во Музеј на македонската борба

Во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, денеска во 12 часот, НУ Музеј на македонската борба, организира изложба и хуманитарна работилница на тема „Жената борец за слобода и македонска државност“.

На четвртото издание на традиционалната манифестација, во организација на едукаторите Ана Вишинова и Даниела Митевска, ќе се обрати и директорката на музејот Даниела Николова, а покрај изложените експонати за жените борци од македонската историја, ќе бидат презентирани и Праисториските дами од Македонија од Ирена Колиштрковска-Настева (Археолошки музеј на Македонија).

Во рамки на свеченоста, ќе настапи Ансамблот Македонија, додека хуманитарната работилница се реализира во соработка со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Скопје.