Изложба „Young Art 2015″ во Национална галерија на Македонија

Во четврток (26 февруари), со почеток во 18 часот во НУ Национална Галерија на Македонија – Мултимедијален Центар „Мала Станица“ ќе биде отворена изложбата “Young Art 2015” која ќе трае до 28-ми.

Изложбата ќе опфати дела на млади уметници, на возраст од 15- 29 години , кои учествуваа на конкурсот „Млади уметници“ , објавен од Агенцијата за млади и спорт во рамки на дициплините сликарство, скулптура, графика, графички дизајн и фотографија.

Настанот има продажен карактер, така што сите заинтересирани ќе можат да ги откупат делата од младите уметници кои учествуваа на овој конкурс.

Настанот е организиран од Агенцијата за млади и спорт.